На 08 февруари во Охрид на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, пред отпочнување на кошаркарскиот натпревар помеѓу КК МЗТ-Скопје и КК-Куманово од Куманово, навивачките групи од двете екипи, насилно се однесувале со повикување, поттикнување и учество во тепачка, при што си размениле удари, а исто така и фрлале со разновидни предмети и оштетиле три патнички моторни возила кои биле паркирани во близина на лице местото. Во врска со овој настан приведени и задржани се 24 лица. По целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.