Од ноќеска на полноќ цените на горивата остануваат исти, како и во претходните две недели. Вака денес одлучи Регулаторната комиија за енергетика.
Цената на бензинот Еуросупер БС-95 останува 78 денари за литар, додека цената на Еуросупер БС-98 ќе чини како и досега 79,50 денари. Цената на Еуродизелот останува иста, ќе се точи по 69 денари.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари за литар и ќе чини 57,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,795 денари за килограм и ќе изнесува 40,881 денари за килограм.