Со првиот снег екипите на „Комуналец“ веднаш излегоа на терен

Со паѓањето на првиот снег дежурните екипи на „Охридски Комуналец“ веднаш во 21 часот излегоа на терен. Согласно Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид, екипите делуваа по  приоритет на улици и реони со специјалните возила кои претходно беа ставени во состојба на приправност. Коловозите се посипуваа со мешавина од сол и ризла за непречено одвивање на сообраќајот. Интервенирано е со 9м³ абразивни средства  по улиците од Стар Град,  населба „Гоце Делчев“-„Бараки“ и сообраќајниците  од градот, информираат од претпријатието.