Денес се одржа четвртата редовна седница на Локалниот Економски Совет, со кој претседаваше градоначалникот Никола Бакрачески. Иако беа предвидени седум, дневниот ред беше проширен со уште 3 нови точки. Се дебатираше и се даваа предлози за развојниот план за скијачкиот центар „Галичица“, за градска марина, за развојниот план за постоечките авто кампови, за индустриската зона Мауцкер, за авио летовите од охридскиот аеродром, за потребата од план и изградба на пензионерски дом –геријатрија, за промоција на Брошурата“Инвестирај во Охрид“ ,за иднината на времените објекти на територијата на општина Охрид , за судбината на стопанските субјекти кои во моментов не функционираат а се на територијата на општина Охрид како и за изработка на конзистентна стратегија за развој на градов.
По завршување на денешната седница на Локалниот Економски Совет, Локалната Самоуправа ќе направи сублимат од нивните предлози што ќе послужи како водич за полесна реализација на заложбите на Општината да се подигни локалниот економски раст во градов, да се стимулира вработувањето како врвен приоритет и да се подигне стандардот на жителите на Охрид.