ОК на ВМРО-Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Годинава градоначалникот Бакрачески е кум на големиот празник Богојавление – Водици. И според обичаите, кумот во текот на цела година треба да им помага на луѓето. Бакрачески, спротивно на тоа, деновиве дваесетина вработени во Локалната самоуправа ги остави без работа, а нивните фамилии ги турна во голата борба со егзистенцијата.
Паднаа во вода сите ветувања во предизборната кампања на Бакрачески и ДПМНЕ дека нема да има политички реваншизам и отпуштање од работа на неистомислениците. Напротив, ваков политички реваншизам каков што имаме во Охрид после локалните избори не е забележан во историјата откако Република Македонија е независна држава. Се отпуштаат работници и стручни лица, а секојдневно се примаат нови, партиски послушници на ражимот. Тврдењето дека општинската администрација е пренатрупана е чиста манипулација со оглед на тоа дека новата систематизација предвидува скоро дупло повеке вработени од претходната, а од локалните избори па се до денес има вработено повеке од педесет нови послушници на режимот, кои со договор кои со решение.
За жал, судијата и креаторот на човечките судбини на вработените во Локалната самоуправа е секретарот кариерист Димитар Спасески. Се чудиме како е можно толку злоба да е насобрана во еден толку млад човек. Патот до кој стигна на оваа функција, неговите предавства и неговите подмолни игри ќе и ги објасниме на јавноста за многу брзо. Наскоро сите ќе дознаат кој всушност е Димитар Спасески. Секако во овој двец го приклучуваме и претседателот на крилото ВМРО – ЈНА, Атанаско Михаилов.
Сакаме да им порачаме на Спасески, Бакрачески и Михаилов дека од денес па натаму ќе осетат што е политичка борба. Ќе осетат како е кога граѓаните ќе ги дознаат сите подмолни игри и на кој начин го уништуваат Охрид. Исто така, сакаме на ова трио да им порачаме дека на крај од се, сите полагаме пред Божјиот суд. Пред Бог, сите сме еднакви.“ – стои во соопштението од ВМРО – Народна партија.