„Алфите“ минатиот месец по разни основи привеле 280 лица

Во текот на минатиот месец припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција – Алфа при вршење на редовна мотопатролна дејност вкупно извршиле легитимирање на 981 лица, потоа преглед на 129 ПМВ, а по разни основи биле приведени вкупно 280 лица.

И тоа, по основ на телеграма 15 лица, Потраги, Гласник, Наредба од Основен суд – 25 лица, под сомнение за извршено кривично дело – 45 лица, по извршено кривично дело – 48, на лице место во вршење на кривично дело биле приведени петмина, за издржување на казна затвор – 11 лица, за утврдување на идентитет – 10 лица, за недозволени предмети приведено е едно лице, како и 10 странски државјани со нерегулиран престој во РМ;

Вкупно приведени лица по ЈРМ – 31
– Учество во тепачка – 11
– Физички напад – 3
– Нарушен ЈРМ – 11
– Пиротехнички средства – 5
– Напад на УПС – 1

Вкупно приведени лица со оружје – 4
– гасен пиштол – 2
– пиштол – 2
Вкупно приведени лица за поседување опојни дроги – 37

– НН тревкаста материја – 30
– НН прашкаста материја – 6
– НН таблети – 1

Вкупно приведени лица со ПМВ – 26
– по телеграма – 13
– сообраќаен прекршок – 11
– сторен царински прекршок – 2

Вкупно приведени лица со ТМВ – 12
– не поседување на соодветна документација за огревни дрва – 12

Приведени лица со моторцикл без документи – /

Вкупна дадена асистенција при вршење претрес на дом и други простории – 15 и се пронајдени:пиштол марка Чешка Зброевка со рамка со 5 куршуми;ловна пушка;

– пронајдени и предадени 2 ПМВ предмет на извршено кд
– пронајдени и предадени 2 ПМВ натоварени со бесправни огревни дрва
– предадени 4 странски државјани со нерегулиран престој
– пронајдени и предадени 2 ПМВ барани по телеграма
– предадено лица по извршено кд
– предадени 1 лица за нарушен ЈРМ (тепачка, физички напад и сл)

Вкупно извршен спровод на 5 лица

Предадени лица на сообраќајна патрола- 36.