Демир Далип како овластен претставник на Египќаните за надворешна соработка, оствари неформална средба со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Далип изрази задоволство од реализираната средба.
„Задоволни сме, од реализираната неформална средба со претседателот, проф. д-р Ѓорге Иванов, која патем беше и наша втора средба. Да напоменам првата беше реализирана во март 2011 година. Задоволни сме, од обавениот разговор и дадената подршка. Констатиравме дека Генералниот Секретаријат е надлежен за спроведување на Охридскиот Рамковен Договор, и тука во иднина, ќе ги бараме правата. Над 30.000 Египќани, имаат природно право да бидат застапени во институциите на системот. Неприродно е, да не е вработен ниту 1 деклариран Египќанец, согласно Охридскиот Рамковен Договор. Се надеваме на подобра иднина за Египќаните. Морам да напоменам дека имаме соодветна поддршка од страна на Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески“. – изјави Демир Далип за локалната ТВ Морис.