Формиран Форумот на жени на ГРОМ – Охрид

Општинската организација на ГРОМ – Охрид, вчеравечер, 10-ти февруари, го формираше Форумот на жени и го избра раководството кое ќе ги координира партиските активности на претставничките од понежниот пол на партијата во Охрид. 

За претседател беше избрана Драгана Крстеска, диломиран економист и сопственик на приватна фирма, за потпретседател Сања Тасевска, дипломиран менаџер по осигурување и магистранд на ФТОН и за секретар беше назначена Марија Кука, магистер по социјални работи и новинар. За раководните функции се одлучуваше по доставени предлози на секоја од присутните членки на партијата и тие заедно најголема доверба им укажаа на овие три високообразовани, успешни, млади жени.

Новоизбраното раководство на Форумот на жени на ГРОМ – Охрид изјави дека овие функции за нив се само поттик за уште поактивно работење со цел афирмација на партијата и успех на претстојните претседателски избори и додаде дека тоа ќе биде возможно само со максимална ангажираност на секоја жена член на ГРОМ, со тимска работа, посветеност и позитивен пристап.

„Во вокабуларот на нашиот форум нема да постојат изразите глупаво прашање или лоша идеја. Ние секое ваше прашање ќе го удостоиме со одговор  и секоја ваша идеја ќе биде добредојдена, разгледена и доколку се појави можност, ќе биде и релизирана“. – изјави секретарот Марија Кука.

„Ние сме таа заборавена средна класа, ние сме Граѓанската опција за Македонија и ние сме тие што треба да направиме сè што можеме за поубав живот во оваа земја, за нашите деца да имаат причина и да сакаат да останат тука да живеат“. –  порача претседателката Драгана Крстевска.