Над 200 лица евакуирани поради пожар во Вал д’Изер

Најмалку 200 лица се евакуирани од една зграда во која избувнал пожар во францускиот зимски центар Вал д’Изер.

Потешко повредена е една 60-годишна жена, при обид да скокне низ прозор од шестиот кат. Три лица кои престојувале во зградата се водат за исчезнати, но не е исклучена можноста и тие да се евакуирани. Покрај повредени, хоспитализирани се повеќе лица поради вдишување чад.

Причините за пожарот во кој целосно изгоре кровот од зградата, сеуште не е познат.