Утре презентација на резултатите од проектот Сусткулт

Утре, 13 ти Февруари ќе се оддржи презентација на остварените резултати на локално ниво од општина Охрид за  проектот СУСТКУЛТ „Достигнување одржливост преку интегрирано управување со места на културно наследтво“кој е во завршна фаза на имплементација  а е финансиран од програма за Југоисточна Европа на Европска Унија. Поканети се членови на Консултативно тело од проектот како и други заинтересирани страни од јавни институции и  невладини организации на локално и национално ниво.

Проектот го имплементира Сектор за ТЛЕР заедно со уште 12 институции од 7 земји: Романија, Унгарија, Албанија, Грција, словенија и Италија. Лидер партнер е градот Венеција.

Презентацијата ќе се однесува на главните активности и  реазултати од  проектот а се однесууваат на креираната и објавена Веб гис платформа, методологијата за планови за управување со културно наследство, траининг обуки за подигнување на човечки капацитети во делот на планови за управување со културно наследство како и изработка на план за управување на општина Охрид во делот на светското културно и природно наследство и изработка на Бизнис план и Маркетинг Стратегија за Заливотѕ на Коски.

Презентацијата во име на градоначалникот Бакрачески ќе ја отвори неговиот заменик-градоначалник, Ангел Јанев, при што и јавно ќе биде предаден на користење Бизнис планот и Маркетинг Стратегијата за Заливот на коските на Завод и Музеј Охрид.

На презентацијата  ќе бидат присутни  и 20 претставници од сите земји партнери на проектот, со кои воедно ќе биде одржан дводневен состанок за финализирање на активностите од проектот на 13 и 14 февруари 2014.