Утре ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон

Во организација на пливачкиот клуб Охридски бранови 2008 Охрид, традиционално, по 34 пат, утре, на 02.08.2013 год. (петок), на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км. ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон. Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат преку 30 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (до 16 години и постари од 16 години) ќе стартуваат во 10 и 10:15 часот од плажата Горица 1 (поранешен хотел Парк).

Пристигнувањето на пливачите на целта на Градското пристаниште во Охрид се очекува да биде од 10:30 часот.