Во врска со соопштението на ВМРО-НП, во кое се обвинува ВМРО ДПМНЕ, дека продолжува со притисоците и малтретирањата врз граѓаните на општина Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО ДПМНЕ, во која стои:
„Фрустрацијата која ја има Народна партија поради неможноста за враќање на политичката сцена очигледно им преставува мотив повеќе за да ја заморуваат јавноста со нивните безначајни ставови. Препознатлива е реториката, вокабуларот и стилот на одредени личности кој своето лично незадоволство го насочуваат кон целосно клеветење и изнесување на лаги и невистини кон челните луѓе на ВМРО-ДПМНЕ и Локалната самоуправа.
Би сакале да потенцираме дека внатрепартиските активности на ВМРО-ДПМНЕ се работа на партијата, и како сериозна политичка опција секогаш ќе бидеме во блиска соработка со нашето членство. Токму поради тоа не можеме да ги разбереме ваквите недефинирани и во крајност несериозни обвиненија од страна на одредени политички маргиналци.
Она што со сигурност можеме да го тврдиме е дека во ВМРО-ДПМНЕ секојдневно се зголемува бројот на нови членови што кажува за интересот и самата определеност на граѓаните на Охрид. Оттука јасна е нашата определба за подобра соработка со нашите членови која пак ќе придонесе за уште една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори.“- се вели во реакцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.