Охридското локално Лав радио денес одбележува 15 години од своето постоење. Лав радио е радио кое што ја негува и ја емитува македонската народна музика.
„Радио Лав постои од 14 февруари од 1999 година. Денеска славиме 15 години.Сето она што денеска го постина мојот татко Иван Пашоски, мислам дека е еден голем успех затоа што сите овие години работеше, се трудеше да опстане македонската народна музика во етерот и мислам со тоа им даде доказ на сите оние кои не веруваа дека ние македонците не си ја негуваме македонската музика, ете 15 години опстојување мислам дека е доказ дека Радио Лав може и прави се“. – вели Маријана Пашоска од Радио Лав.
Инаку по повод 15 години години во етерот, Лав радио вечерва во хотелот Климетица, со почеток во 19 часот организира голема роденденска забава со најдобрите фолк пејачи од Македонија. Задолжени за музичката забава кои ќе ги прати сите естрадни уметници, се група Маестрал- Битола, Бобан Мојсовски, Јордан Митев, Спасен Силјановски, Влатко Миладиноски, Дарко Стојаноски, Орце Стефкоски, Аце Патковски и група Изгрев, Дамјан Стојаноски, Татијана Стефановска, Игор Бежановски и Мишко Србиноски.
Ангелче Андриоски