Одржана едукативна тренинг работилница – „Алкохолот и младите“

Вчера во просториите на Црвен Крст се одржа првата едукативна тренинг работилница со 30 младинци кои членуваат во Клубот на Млади при Охридскиот Црвен Крст.  Тема на работилницата беше – Алкохолот, штетна употреба на алкохолот, појавата на зависнот, ризиците и последиците од негова употреба, а истата ја спроведе Владимир Панзов.

За жал, честа е појава на конзумација на алкохол помеѓу младите. Ваквата иницијатива, е со цел да се обучат млади кадри кои понатаму своето знаење ќе го пренесат на своите генераци во заеедницата, кои после целокупната обука од 4 сесии ќе се стекнат со потребното знаење и вештини.

Alkoholot_i_mladite_01 Alkoholot_i_mladite_02 Alkoholot_i_mladite_03