Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против А.Ф.(48) од Велес, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 19.07.2013 година, при извршен преглед над пријавениот во кутија цигари пронајдена и одземена е 0,63 грама марихуана, а истата ја набавил од лице од Охрид за износ од 100 денари.