„Емигранти“ утре повторно пред охриѓани

Утре (недела) на репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид, Народен Театар Охрид, е претставата „ЕМИГРАНТИ“ од Славомир Мрожек, во режија на Ирена Стеријовска, со почеток во 20:00 часот.

Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Биљана Билаловиќ, Адријана Билаловиќ. Продуцент Горан Стојаноски, Музика Стрезо Стаматовски, Музичка изведба Ѓоко Алоски, Сценографија Владимир Ѓорески – Рафик, Костимограф Кристина Мукоска Затуроска, Инспициент Филип Ангеличин – Жура, Дизајн Номче Џулески, Сценска изведба Борис Велјаноски, Светло Зоран Левески.

Влезот чини 100 денари.