Денес во Општинската зграда се одржа работна средба на која службениците од Секторот за образование при локалната ги информираа директорите и спортските работници од основните и средни училишта дека при формирање на училишни спортски клубови мора да се придржуваат на правилници за натпревари кои стапија на сила на 1-ви јануари годинава, а ги донесе министерството за образование.
Со желба за помасовно спортување на младите, на крајот од работната средба на претставниците од охридските училишта им беа подарени кошаркарски топки, донација од Кошаркарската Федерација на Македонија.