ЈП „Охридски Комуналец“ спроведе акција на влезот од Велгошти

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ продолжува со акциите кои имаат цел за почист и поубав Охрид. Во текот на вчерашниот ден екипите на претпријатието го чистеа, односно го уредуваа влезот од Велгошти, покрај ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“.

Од претпријатието велат дека ваквите акции ќе продолжат и во иднина.

А.А/WebOhrid