Кривична пријава за сириски државјанин и правен субјект од Охрид поради бесправно градење

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.А. (47) од Сирија и против правно лице ДТУ „РАНА ЈК” Охрид ДООЕЛ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.

Во текот на 2017 година во катастарска општина Велгошти во Охрид, на ул. „Прва МУБ” пријавените како сопственици и инвеститори на градба, спротивно на Законот за градење, односно без одобрение за доградба издадено од надлежен орган, на семејна куќа бесправно доградиле приземје и поткровје.