Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јануари 2014 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало 100.2. Намалувањето на индексот на трошоците на животот во јануари 2014 година, во споредба со претходниот месец од 0.1% е резултат на пониските индекси на јајцата за 2.5%, чоколадните производи за 1.3%, овошјето за 1.2%, лебот и житариците за 0.7%, рибата и шеќерот за 0.5%, кондиторските производи за 0.4% и свежото млеко за 0.2%. Во јануари, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај информатичката опрема за 4.9%, стаклените садови, кујнски прибор и друга опрема за домаќинствата за 3.9%, обувките за 3.8%, услугите за сместување за 2.5%, апаратите за домаќинстата за 0.9%, облеката за 0.6%, течните горива за домаќинствата за 0.5% и резервни делови и опрема за сопствен превоз за 0.2%. Пораст на индексот на трошоците на животот во јануари 2014 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај зеленчукот за 1.4%, киселото млеко за 0.7%, конзервираната риба за 0.5%, сувото овошје и др. прехранбени производи за 0.4% и преработките од млеко за 0.3%.Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 4.4%, фармацевтските производи за 3.0%, пијалаците во рестораните и хотелите за 1.5%, здравствените услуги за 1.2%, исхрана во рестораните и хотелите за 0.8%, услуги во патниот сообраќај за 0.7%, гасот за домаќинстата за 0.6% и течните горива и мазива за 0.2%. Индексот на трошоците на животот во јануари 2014 година, во споредба со јануари 2013 година, бележи пораст намод 0.9% а индексот на цените на мало бележи пораст од 0.8%.