Професор Сулејман Мулиќ од БиХ, до редакцијата на WebOhrid испрати допис во коj стои:
Почитуван господин градоначалник,
Со години патуваме на разни дестинации ширум светот, но кога во јули 2013 година, од Тузла, БиХ, дојдовме во Охрид и го откривме хотелот „Ривиера“, нашите патувања се сведоа овде, во Вашиот, но и наш град Охрид.
Од јули до декември 2013 година дојдовме пет пати, секој пат поминувавме околу 1800 километри, од Тузла до Охрид и од Охрид до Тузла.
Она што нас постојано не привлекува во хотел „Ривиера“ првенствено се прекрасните, љубезни домаќини на хотелот кои престојувајќи таму, прават да се чувствуваме како дома. Кога велиме „домаќини“ мислиме на прекрасните луѓе: Лазе, Дејан, Игор, Бојан, Благоја, Никола, Перо, Дарко, Вангел и сите други кои работаат таму.
Сеуште сум под длабок впечаток на прославата на новогодишната ноќ и посетата на Охридското Езеро и Охрид, разговорите со Вас и со Вашите соработници, што припаѓа на најубавите искуства во мојата кариера. Бројните средби (со Вас, со Наум Петрески, Зуица Петреска, Димитар Спасески, Сандо Златески, Дончо Танески, Билјана и Лазе Таневски, Горан и Билјана Танески, Сашо Лидоски, Снежана Наумоска, Резан Абдула) и разменувањето на мислења и целата атмосфера, врз мене остави извонреден впечаток.
А за новогодишните празници Охрид е волшебен, пол е со туристи од поранешните за нас заеднички држави, а и скоро од сите земји од Балканот, Европа и светот. Како и секој турист, го посетивме целиот Стар град. Се е чисто, уредно, блескаше. Парковите се уредни, зеленилото средено, стеблата украсени со новогодишни сијалички. Направено е и Лизгалиште, а сето тоа благодарение на Вас, господине градоначалниче Никола Бакрачески.
Поплочените улици со камен, старите куќи, конаци и многубројни цркви не вратија во времето од пред неколку векови. Тесните улички помеѓу старите куќи со камени скалила не одведоа до црквата Света Софија, над која се наоѓа античкиот амфитеатар и поглед кон синото Охридско Езеро, околу кое се издигнуваат планински врвови покриени со снег. Над амфитеатарот се наоѓа римско-византиската Самуилова тврдина, од која се гледа уште поширок поглед кон Охридското Езеро и градот Охрид. Спуштајќи се кон местото Канео, низ преубавата шума со четинари, стигнавме до уште една прекрасна градба, црквата Свети Климент. Малку подолу, до самото Охридско Езеро се наоѓа црквата Свети Јован Богослов, покрај која заоѓањето на сонцето изгледа величествено. На Охридското Езеро, дури и во ова време од годината, зима, можат да се видат јата галеби, па дури и по некој бел лебед.
Ретко кој град или држава на светот, може да се пофали со толку многу манифестации од меѓународен карактер на отворено, да се случуваат во текот на еден ден или еден викенд. Секако морам да напоменам дека за нас највозбудлива манифестација беше Новогодишната вечер и средбата со Вас и со Наум Петрески, а особено полноќ, кога на плоштадот имаше огномет во разни бои. Тогаш се испразнија сите локали, бидејќи сите излегоа надвор за да го проследат величествениот спектакл на одблесокот на огнометот во „стаклената“ површина на езерото.
Господине градоначалник, јас немам зборови со кои би го опишал моето воодушевување за се што успеавте да направите за своите сограѓани, мештани, гости, посетители. Ви честитам на ентузијазмот и високата креативност која ја покажувате Вие и Вашата Локална самоуправа и заедница.
Сакам да им се заблагодарам на сите пријатели охриѓани, за гостопримството и блискоста, како и Вашите членови од кабинетот, кои најдоа време да поразговараат со мојата сопруга Фахира и моите деца.
Во очекување на повторна средба и разговори, Ви упатувам изрази на пријателско и колегијално почитување.
Ве молам моите поздрави да ги пренесете и до членовите од Вашиот кабинет.
Срдечно,
Сулејман Мулиќ, професор
Оригиналниот допис може да го погледнете овде
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.