Министерството за финансии исплати 1,2 милијарди денари субвенции за произведен и продаден тутун од реколтата 2013 на над 27 илјади земјоделци.
Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 60 денари од произведен и продаден тутун.
Исплатени се субвенции на тутунарите кои предале тутун во десетте регистрирани откупни претпријатија како „Алајанс уан“, „Сокотаб Битола“, „Струмица Табак“, „Тутунски комбинат Прилеп“, „Центро тобако“, „Далија табак“, „Орбита табак“, „Пашоски“, „Томи-Мит Јака Тобако„ и „Кавекс Балкан“.
Владата на Република Македонија со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство.