Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со директорите на охридските јавни претпријатија, денес оствари неколку часовна обиколка низ стариот дел од Охрид, со цел да ги сослуша и увиди проблемите кои се од јавен интерес, а ги тиштат жителите од населбите Месокастро и Варош.
Градоначалникот на терен ги сослушуваше проблемите и барањата на жителите од овој дел на градот, а кои беа претежно од областа на комуналната и инфраструктурна сфера. Со своите сограѓани тој ги согледуваше можностите за нови паркинг простори, уредени простори, подобрување на канализациската и водоводната мрежа, паркови и ново подобро улично осветлување во стариот дел од градот. Со оглед на добрите временски услови, Градоначалникот Бакрачески најави дека наредниот период надлежните служби ќе излезат на терен и ќе започнат со средување на јавните површини од овој дел на Охрид.