ЛДП: Го прашуваме градоначалникот дали куќата која ќе се гради пред дворот на Канео е од лица блиски до владејачката партија?

ОО на ЛДП Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои:

„ЛДП изразува жалење за несериозноста на раководните лица во општина Охрид кои на целосно некоректен начин, со серија навреди реагираa на поставеното прашање од страна на советникот од нашите редови Дејан Блажески, кое се однесуваше на тоа кој ќе гради кај Плаошник. Имено, плацот таксан за викендичка до лани беше обичен зелен појас, меѓутоа со промените на деталниот урбанистички план (ДУП) од јуни 2014 година мнозинството советници во Општината Охрид, предводени од ВМРО-ДПМНЕ, решија таму да се гради куќа. Вистината полека излегува на виделина а и принципиелноста на ДПМНЕ, кои беа едни од најгласните пред изборите за претераната урбанизација. Повеќе од јасно е дека поставените прашања од советникот Блажески удираат во мета и покрај сите обиди за нивно релативизирање со соопштенија со малициозни содржини од страна на медиумските одработувачите и општинската служба за односи со јавност.

Од друга страна, во текстот кој излезе денес за електронскиот медиум Нова ,меѓу другото се вели: „на општинскиот сајт прво се објави вест во која го немаше името на фирмата што ќе ја гради хациендата, а веднаш по критиките на опозициските советници се појави името на „Инвест билдинг“. Откако почнавме да трагаме кои се газдите на оваа фирма набризна, но и по серијата прашања од наша страна, за десетина дена се случија крупни промени во сопствеништвoто на „Инвест билдинг“ што дополнително не заинтригира кој всушност ќе гради.“

Потенцираме, дека текстот со наслов Бизнис тајни од древниот град само ја потврди важноста на прашањето и отвори дополнителен сомнеж. Целиот може да го прочитате на следниов линк: http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=20&vest=21620.

Изразуваме благодарност до локалните медиуми кои ја подржуваат граѓанската битка и кои ревносно го чуваат достоинството на професијата, истовремено ги повикуваме да продолжат да третираат теми кои се круцијално значење за градот.

ЛДП повторно го прашува градоначалникот дали арсеналот навреди од страна на службите кон нашиот советник за поставеното прашање беше само со цел да се замаскираат некои работи и дали куќата која ќе се гради пред дворот на Канео е од лица блиски до владејачката партија?“- се вели во соопштението на ОО на ЛДП Охрид.