Јавна анкета и јавна презентација за нацрт детален урбанистички план за УЗ 6 дел од УБ 6.1 опфат 1

Врз основа на  Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр. 51/05, 137/07,91/09,124/10,18/11,53/11,144/12,70/13,163/13) Градоначалникот на општина Охрид, донесе:

С О О  П Ш Т  Е Н И Е

ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОВТОРЕНА  ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАЦРТ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЗ.6 дел од УБ 6.1 опфат 1ОХРИД 2010-2015

1. Се соопштува на граѓаните на град Охрид дека е организирана повторена  јавна анкета и јавна презентација за Нацрт-Детален Урбанистички План за УЗ.6 дел од УБ 6.1 опфат 1 

2. Просторот на планскиот опфат во Нацрт-Детален урбанистички план  за УЗ 6,дел од  УБ.6.1, опфаќа граници помеѓу улиците: „Булевар Туристичка“, „7-ми Ноември“, „Богомилска“, „Марко Нестороски“ и улица „Даме Груев“.

3. Повторената јавна анкета и јавна презентација  за  Нацрт планот  ќе трае од 19.02.2014 година заклучно со 04.03.2014 година. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид  на ден 24.02.2014 год. со почеток во 12:00 часот .

4. Заради обезбедување пристапност во увидот на граѓаните и правните лица Нацрт планот ќе биде истакнат во холот  на општина Охрид  пред големата сала за состаноци и во просториите на месната заедница.

5. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 10 до 15 часот во просториите.

6. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки додека трае повторената јавната анкета можат да ги доставуваат на анкетни листови до организаторот на анкетата.

7. Ова Решение влегува во сила со денот на донесувањето.

Општина Охрид

Градоначалник,

Никола Бакрачески