Непосреден увид на граѓаните во процесот на донесување на урбанистичките планови

Во насока на зголемување  на транспарентноста во работењето и вклучувањето на граѓаните и јавноста во процесот на донесување на одлуки, на иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески, граѓаните ќе можат да имаат непосреден увид во донесувањето на урбанистичките планови.

Со претходно најавување на телефонските броеви 262-492 и 262-493, граѓаните ќе имаат можност секој четврток од  12 – 15 часот, во Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште да остварат средба со одговорните лица и да ги добијат сите информации во однос на одредени урбанистички планови или проекти.