Информативна средба за програмата „Општинско – корисна работа“

Поттикнати од интересот за програмата „Општинско- корисна работа“ која се реализираше во 2013 година како и од постигнатите резултати, активностите опфатени со оваа програма продолжуваат и во 2014 година. Oва беше речено на денешната регионална средба што се одржа во Охрид.

Информативната средба ја организираше УНДП во соработка со Агенција за вработување и Министерство за труд и социјална политикa, со цел навремено и детално информирање на општините за програмата и споделување на искуствата од општините вклучени во програмата во 2013 година.

Програмата Општинско корисна работа има за цел да обезбеди поголем број на услуги од социјална сфера за сите граѓани. Таа на тешко вработливи лица им нуди можност за работен ангажман со скратено работно време, како и стекнување на одредени знаења и вештини за полесно вклучување на пазарот на трудот.

opstinskokorisnarabota_400_1