Денес во просториите на Црвен крст Охрид, продолжува реализацијата на обуката на младите волонтери на Црвен крст Охрид за штетноста од конзумирање алкохол и начините за превенција на алкохолизмот особено кај младите луѓе. Обуките, под водство на Владимир Панзов Претседател на Здружението на апстиненти „Здрав Живот“ од Скопје, започнаа на 13 февруари, а имаат за цел да го подигнат нивото на знаења кај младите волонтери на Црвен крст Охрид за алкохолот како порок и зависност, кои понатака своите знаења ќе ги шират помеѓу своите врсници. Дел од учесниците на овие обуки, ќе учествуваат на работилници од ваков вид во Италија, во текот на 2014 година.