Продолжува обуката на младите од Црвен крст Охрид за штетноста од конзумирање алкохол

Денес во просториите на Црвен крст Охрид, продолжува реализацијата на обуката на младите волонтери на Црвен крст Охрид за штетноста од конзумирање алкохол и начините за превенција на алкохолизмот особено кај младите луѓе. Обуките, под водство на Владимир Панзов Претседател на Здружението на апстиненти „Здрав Живот“ од Скопје, започнаа на 13 февруари, а имаат за цел да го подигнат нивото на знаења кај младите волонтери на Црвен крст Охрид за алкохолот како порок и зависност, кои понатака своите знаења ќе ги шират помеѓу своите врсници. Дел од учесниците на овие обуки, ќе учествуваат на работилници од ваков вид во Италија, во текот на 2014 година.