ЈП за комунална дејност „Дебрца“ вложува напори за подобрување на финсиската состојба на претпријатието и подобрување на услугите што ги врши врз основа на дејноста и тоа снабдување со вода за пиење и собирање на отпад.
„Во почетокот на 2014 година, видно е зголемувањето на наплатата на сметките за комунални услуги на ЈП за комунална дејност „Дебрца“. Во овој период наплата е зголемена за 10% за разлика од ланскиот период. Зголемената наплата од потрошувачите пред се се должи на подобрувањето на услугата, зголемената доверба од потрошувачите, набавката на нови контејнери како и од ангажраноста и посветеноста на целиот персонал на ЈПК „Дебрца“.“ – информираат од ЈП за комунална дејност Дебрца.
Воедно од претпријатието ги повикуваат нередовните плаќачи да го подмират долгот, за како што велат, да не се преземат мерки за присилна наплата на потрошената вода и депонираниот отпад, а додаваат дека долгот може да се подмири и на рати.
Во наредниот период планирани се низа активности како чистење на речните корита, и канали, чистење на диви депонии и др, се со цел подобрување на условите за живеење во Општина Дебарца.