Извидничкиот одред Пионер го одбележа светскиот ден на извидниците

Денес, 22.Февруари е СВЕТСКИ ДЕН НА ИЗВИДНИЦИТЕ (роденден на оснивачот на светското извидничко-скаутското движење, лордот Роберт Баден Пауел). По тој повод и во нашиот град, денот се одбележа достоинствено како и ширум светот.

Имено, Извидничкиот Одред ПИОНЕР од Охрид, денес организираше “отворен ден со извидниците”, каде што граѓаните имаа можност одблизу да се запознаат со активностите.