Започна изградбата на автопатот Кичево-Охрид

Со инвестиција од 375 милиони евра Кичево и Охрид ќе се поврзат со автопат, со должина од 57 километри, кој треба да го олесни и забрза трансрпотот на патници и стока и да придонесе за економски и туристички развој.

Активностите за изградба на автопатот почнаа денеска со поставување камен-темелник кај кичевското село „Извор“, во присуство на премиерот Груевски, министри, амбасадори и градоначалници.

„Инвестицијата за овој капитален проект се проценува на околу 375 милиони евра со што ова е највисоката инфраструктурна инвестиција во последните 50 години во Македонија“, -истакна Груевски.

Досега изградените автопатишта во државата во изминатите 50 години, укажа Груевски чинат помалку од инвестицијата во автопатот Кичево Охрид. Тоа најдобро зборува за вредноста на овој проект . Толкава инвестиција не е вложена од никого, никогаш и во ниту еден автопат во Македонија наведе Груевски, посочувајќи дека средствата се обезбедени со ососбено поволен кредит од кинеската Ексим банка.

Според премиерот Никола Груевски најзначајната придобивка од новиот автопат ќе биде можноста за поедноставна, побрза и побезбедна комуникација помеѓу населените места од кичевскиот и охридско-струшкиот регион.

На овој значаен историски настан за Р.Македонија свое обраќање имаа и градоначалниците на општина Охрид и општина Дебарца.

„Денешниот ден претставува синоним за посветеноста, за исполнителноста. Денешниот ден претставува голем проект и тоа значаен за Дебрца. Преку изградбата на автопатот Кичево- Охрид започнува една нова ера за жителите на ооштина Дебрца.Ваквиот проект е значаен и за секојдневното функционирање и делување на жителите на општина Дебрца.Покрај тоа Дебрца ќе биде попристапна за сите странски, домашни туристи, како и за сите оние кои ќе го користат овој современ автопат“, – рече во својот говор градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски.

„Овој исклучителен градежен зафат е еден од најголемите капитални проекти во патната инфраструктура, За општина Охрид значи отворање на нов прозорец на можности, а бенефитот од него ќе биде сеопфатен и долготраен . Најпрво во периодот на градење ќе претставува множност за ангажирање на градежното оперативен проект вклучувње на локалните фирми во изградбата, а крајниот бенифит ќе дојде со конечното профункционирање на овој автопат. Имено, развојот просперитетот на  иднината на една општина се тесно поврзани со нејзината конекција  со светот. Токму автопатот Охрид-Кичево претставува основа за поаграсивен локален економски раст и развој на општина Охрид и останатиот регион. “– истакна градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески.

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески рече дека оваа автопатна делница е многу значајна, со тоа  како што рече води кон најпосетуваното туристичко место Охрид.

„ Оваа автопатна делница е многу значајна, со оглед на фактот дека истата долго време беше потребна, цело време беше ветувана, а води кон нашето најпосетувано туристичко место-Охрид“. -рече министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски.

Според проектот, новиот автопат почнуваа од Кичево, па преку Подвис, Пресека и Песочани стигнува до Требеништа. Од тука преку Подмолје се поврзува со Охрид. Ќе има две ленти со вкупна ширина од 25,2 метри, а на трасата ќе има и 6 натпатници и 13 потпатници, како и тунелот „Пресека“ со две цевки. Автопатот ќе го гради кинеската компанија „Сајнохидро корпорејд лимитед“. Градежните работи ќе започнат истовемено на три локации за да се завршат за 4 години. Во реализацијата ќе бидат вклучени и повеќе градежни и други компании од земјава. 

WebOhrid / фото: Ангелче Андриоски