Света архирејска литургија по повод празникот на „Свети свештеномаченик Харалампиј“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на утре, 23 февруари (недела), во црквата „Света Богородица“ – Каменско Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети свештеномаченик Харалампиј“, со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.