На Граничниот премин Богородица беше одбележан почетокот на изведбата на градежни работи за реконструкција на управната зграда. Овој проект се реализра во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007-2013 од Инструментот за предпристапна помош (ИПА) финансиран од страна на Европската унија и финансиско учество на Владата на Република Македонија. Изведбата на градежните работи на овој премин преставува дел од проектот „Развој на гранична инфраструктура помеѓу Република Грција и Република Македонија – BORDER IN“ кој се реализра во партнерство со локалната самоуправа од Република Грција одговорна за изградба на гранични премини во овој регион. Воспоставеното партнерство претставува придонес кон реализација на стратешките цели за конвергенција на заедничките политики во областа на подобрувањето на прекуграничниот економски развој кој меѓу другото се промовира преку мерки за: економски развој, олеснета прекугранична комуникација и промоција на одржлив туризам.
Реализацијата на овој проект претставува придонес кон олеснувањето на движењето долж Пан европскиот Коридор 10, но и придонес кон олеснувањето на прекуграничниот промет. Проектот позитивно ќе влијае врз олеснување на комуникацијата на населението од пограничните општини и пошироко, како и развој на економската соработка. Истовремено овој проект претставува дополнение кон воведувањето на Новиот компјутеризиран транзитен систем на ЕУ во Република Македонија, проект исто така поддржан од ЕУ во рамките на Програмата ИПА. Новиот систем, компатибилен со системите на ЕУ, кој ќе започне да се применува од 1 март 2014 година, преку исклучиво електронско поднесување на документи за транзит, претставува дополнително забрзување и олеснување на царинските постапки. Воведениот нов транзитен систем, преку поврзување со ситемите на ЕУ во текто на идната година, ќе овозможи избегнување на граничните хартиени царински формалности при стоковата размена со државите членки на ЕУ и дополнителна корист за еконосмките оператори.
Реконструкцијата на управната зграда со придружните објекти претставува придонес кон остварувањето на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија, во олеснувањето на меѓународната трговија, но и кон надградба на оперативните капацитети на Царинската управа и остварување на уште подобри резултати во забрзувањето и олеснувањето на прекуграничниот промет и приоднес кон зближувањето и поврзувањето на луѓето, културите и нивното подобро разбирање.