ДЗС: Зголемен бројот на живородени деца

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2013 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 3.5% и изнесува 6 075 живородени деца. Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2013 година бележи зголемување од 0.9% во споредба со истото тримесечје од 2012 година и изнесува 5 002 лицe, а од нив 72 се умрени доенчиња. Природниот прираст изнесува 1 073 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица. Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 3.7% во споредба со истиот период од 2012 година и изнесува 3 401 брак. Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат зголемување во споредба со истиот период од 2012 година и нивниот број изнесува 540.