Горивата на бензинските пумпи од ноќеска на полноќ ќе се точат по нови цени. Вака одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.
Цените на бензините од полноќ се зголемуваат за еден денар за литар, а на дизелот се намалува за половина денар. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 79 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 80,50 денари за литар. Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, според најновите промени на цените, ќе чинат 68,50 односно 57 денари за литар. Мазутот М-1 НС поевтинува за 0,183 денари и ќе чини 40,698 денари за килограм.