Во Волино од 9-ти до 28-ми август ќе се одржи турнир во мал фудбал „Богородица куп 2014“

Фудбалскиот клуб „Сатеска” Волино и оваа година го организира 17-тиот Турнир во мал фудбал „Богородица Куп 2014-Меморијал Зоран Митрески (1970-2013 ) ”, кој што се одржува во Волино, од 09 до 28 Август.

Турнирот во мал фудбал „Богородица Куп“ е традиционална спортска манифестација која во чест на верскиот празник  „Успение на Пресвета Богородица”-28 Август, Голема Богородица, заштитничка на Волино, ја организира Фудбалскиот клуб „Сатеска” Волино, а под покровителство на Црквата „Успение на Пресвета Богородица” и Месната заедница-село Волино.

Турнирот е со спортско-натпреварувачки карактер и придонесува за промоција на фер плејот и останатите спортски вредности како што се солидарноста, пријателството и толеранцијата.

Годинава турнирот се организира по 17-ти пат и ќе биде од меморијален карактер, во чест на прерано починатата легенда на ФК „Сатеска”, Зоран Митрески – Бутрагењо.