На 26 февруари, (среда) во 9 и 30 часот во детската градинка – објект ,,Централна‘‘ заедно со Здружение за заштита, помош и унапредување на статусот на маргинализирани групи граѓани ГРАДИМЕ ИДНИНА ќе се спроведе Хуманитарната акција во прибирање на користена непотребна и порасната облека, играчки, обувки, бебешка опрема и др. Облеката, пред се ќе се користи за потребите на децата сместени во детските домови, домот за доенчиња и мали деца во Битола, интернатите во кои се згрижени деца со социјален ризик и згрижувачки семејства низ Репиблика Македонија, како и за социјално ранливите категории граѓани и маргинализирани категории, деца од семејства со социјален ризик, самохрани родители, загрозени семејства и сл.