Сојузот на борци утре ќе одржи трибина по повод 70 години од Февруарскиот поход

Општинската организација на СБ од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебарца,  утре ќе одржи свечена трибина по повод 70 годишнината од февруарскиот поход, еден од многу значајните настани од НОАВМ и 70 години од смртта на народниот херој  Кузман Јосифоски Питу.

На трибината за значењето на февруарскиот поход ќе зборува историчарот Наце Иваноски. За ликот и делото на Кузман Јосифоски Питу ќе зборува Гоце Георгиески, претседател на ОО на СБ за Охрид и Дебарца.