Дисциплински решенија за 17 полициски службеници

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 17 решенија против 17 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2, 3, 4, 7 и 8 и член 207 став 1 точки 1, 2, 3, 4, 8, 10 и 15 од Колективниот договор на МВР.

Притоа, на дванаесет вработени им е изречена мерка “парична казна“ на тројца вработени мерка – “запирање на постапката“, на еден вработен му е изречена мерка – “писмено предупредување“, и на еден вработен мерка – “условно откажување на договорот за вработување“, а се работи за:

Е.Ш. полицаец во ПС за ГП-Долно Блаце изречена му е мерка– “парична казна“ (спиел на работното место);

С.К. полицаец во ПС за ГП-Долно Блаце изречена му е мерка– “парична казна“ (спиел на работното место);

М.П. самостоен криминалистички техничарво ПСОН-Кочани изречена му е мерка – “парична казна“ (извршил КД- Загрозување на сигурноста);

Љ.Т. “водич на безбедносен реон” во ПС ОН Свети Николе изречена му е мерка– “парична казна“ (во билтенот не ги внел превземените мерки од областа на сообраќајот);

Ј.С. полицаец во ПС ОН Аеродром изречена и е мерка – “запирање на постапката“ (неутврдена одговорност).

Ј.А. полицаец за БПС во ПС за БПС Велес изречена му е мерка – “парична казна“ (покажувал слаба заинтересираност за работата);

С.В. помошник командир во ПС ОН Крива Паланка изречена му е мерка – “писмено предупредување“ (не вршел конттола на примената на законите и законските акти во водењето на евиденцијата);

Н.Н. главен оперативен работник во Оддел за обезбедување изречена му е мерка – “запирање“ (нема повреда).

Д.В. полицаец во ЕБР изречена му е мерка – “запирање“ (нема повреда).

И.Б. полицаец во ПС НФОО изречена му е мерка – “парична казна“ (спиел на работното место);

С.Р. лидер на тим во ЕБР изречена му е мерка – “парична казна“ (учествувал во вербална расправија).

Б.Х. полицаец за патроли и интервенции во Одделение за општи патроли Исток ЕБР изречена му е мерка – “парична казна“ (не дошол на вонредно обезбедување иако бил навреме информиран).

В.Е. полицаец за патроли и интервенции во Одделение за општи патроли Исток изречена му е мерка – “условно откажување на договорот за вработување “ (не дошол на вонредно обезбедување иако бил навреме информиран).

З.Б. помлад инспектор за општ криминал во СВР Битола изречена и е мерка – “парична казна“ (во канцеларијата пушела цигари спротивно на законот).

Б.П. помлад инспектор за општ криминал во СВР Битола изречена и е мерка – “парична казна“ (во канцеларијата пушела цигари спротивно на законот).

К.Г. полицаец за БПС во ПС ОН Крушево изречена му е мерка – “парична казна“ (бил под дејство на алкохол за време на работа).

И.И. полицаец за БПС во ПС ОН Крушево изречена му е мерка – “парична казна“ (бил под дејство на алкохол за време на работа).