Премиерот Груевски оствари средба со Штефан Филе и Вилијам Хејг

Премиерот Никола Груевски на маргините на конференцијата во Лондон се сретна со еврокомесарот Штефан Филе и министерот за надворешни работи на Велика Британија Вилијам Хејг.

На заедничката средба, која ја имаа со премиерите од регионот се разговараше за искористување на потенцијалите за економски развој како и одржување на напредок, кој е важен за целиот регион.

Соговорниците се сложија дека ваквата конференција е добра можност за размена на мислења и искуства како и остварување на интензивна комуникација.

Вилијам Хејг истакна дека регионот го има полното внимание на Обединетото Кралство кое ги поддржува процесите што значат подобрување на стандардот и интегрирање на регионот. Тој изјави дека Обединетото Кралство посакува европски интегриран регион, кој е посветен кон економскиот напредок на сите држави од регионот.

Со премиерот Груевски разменија мислења за повеќе актуелни теми од регионално значење.