По завршувањето на конкурсот на Министерството за внатрешни работи на 22 февруари за прием на извршители во хелихоптерската единица , пријавени се вкупно 466 кандидати, од кои 247 тоа го направија по електронски пат преку веб страницата на МВР, а додека пак во полициските станици беа поднесени вкупно 219 пријави. Од вкупниот број на пријавени кандидати 59 се жени.
Во наредниот период ќе отпочне фазата на селекцијата на кандидатите кои ќе бидат повикувани заради тестирање на нивните способности. Најпрво ќе следи фазата на административна селекција, потоа ќе следи проверка на моторичките способности, општообразовен тест, психолошки тест, тест за познавање на англискиот јазик и на крајот лично интервју.
Се повикуваат сите кандидати што конкурирале на овој конкурс да ја одржуваат својата психо-физичка подготвеност.