ДЗС: Пораст на бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2013 година, во Република Македонија, бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесуваше 746 545 МWh, што во споредба со истиот месец од претходната година претставува пораст од 1.3%.

Во бруто-домашната потрошувачка, нето-увозот учествуваше со 29.5%, додека бруто-домашното производство со 70.5%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2013 година, во Република Македонија, вкупниот увоз на природен гас изнесуваше 21.459 мил.nm3, што во споредба со увозот во истиот период од претходната година претставува пораст од 64.6%.

Во вкупната потрошувачка на природен гас, природниот гас за енергетски трансформации учествуваше со 84.0%, додека финалната потрошувачка со 15.5%.