Расадникот кој функционира како засебна работна единица во рамките на Ј.П. „Охридски Комуналец“ располага со голем асортиман саден материјал.
„На граѓаните им овозможуваме да ги украсуваат и аранжираат своите дворови и тераси во секое годишно време. Во моментов покрај декоративните зимзелени, листопадни и украсни дрвја, располагаме и со цветен саден материјал од зимската и рано-пролетната цветна реколта. Располагаме со садници од видот хибридна виола (очиња) во одлична состојба и квалитет со разновиден колорит, потоа белис -перенис и каранфилчиња, кои се сега по намалени цени и пристапни за сите граѓани.“– велат од претпријатието.
Од ЈП „Охридски Комуналец“ информираат дека заедно со садниот материјал на граѓаните им нудат и изработка на идејни проекти за уредување на нивните дворови.