Секојдневието на работниците, нивните грижи и радости, е она што најмногу ги интересира членовите на Општинската организација на Граѓанската опција за Македонија од Охрид.
Токму затоа, денеска, еден ден пред големиот христијански празник Прочка, претседателот на О.О.ГРОМ – Охрид, Љупчо Настоски и дел од членовите на ГРОМ – Охрид организираа заеднички ручек со мајсторите, градежниците и останатите работници кои се вклучени во изградбата на манастирот Св.Спас во Горно Лакочереј. При посетата на манастирот, членството на ГРОМ имаше прилика да види како се одвиваат работите на манастирот, а воедно и да ги сослуша проблемите со кои се соочуваат работниците.
Со овој скромен потег ГРОМ – Охрид продолжува да потврдува дека е општествено-одговорна партија, блиска со граѓаните.