Охрид претставен на Саемот за туризам во Белград

На 27  февруари, во Белград, Република Србија се отвори Саемот за туризам, на кој Општина Охрид, ја претстави својата туристичка понуда. Општина Охрид заедно со хотелско – угостителските субјекти се претстави на штандот од Агенцијата за туризам на Република Македонија.

Градоначалникот Бакрачески, на коктелот организиран за новинарите и туристичките агенции, имаше поздравен говор преку кој ја промовираше туристичката понуда на Охрид, а потоа следуваше промоција на охридски специјалитети зачинети со старо градска музика од Охрид. Вечерва во ресторан „Ковач“ е организирана охридска вечер на која се поканети туристички агенции, медиуми и дипломатски кор. Саемот за туризам завршува утре.

saem_belgrad_400_1