Полицијата во Кина спаси 382 киднапирани бебиња

Кинеската полиција спаси 382 киднапирани бебиња и уапси 1094 лица во акцијата во која беа откриени четири мрежи за криумчарење, соопшти кинеското Министерство за јавна безбедност.

Министерството наведе дека открило четири веб-страни кои минатата година продавале бебиња, кои биле маскирани како служби за посвојување.

Киднапирањето бебиња претставува сериозен проблем во Кина и покрај строгите казни, каде е вклучена и смртна казна за шверцерите.

Строгите закони, политиката за само едно дете, како и истакнувањето на машко дете, вклучувајќи ја и сиромаштијата, доведоа до зголемен пораст на деца на црниот пазар, за остварување голем профит.