Свечено отворен 51-от Мавровски Меморијал

Вчера, со почеток во 15 часот пред платото на Хотел Спорт во Маврово беше означен почетокот на 51-от Мавровски Меморијал.

Свеченото отворање го поздрави претставник на покровителот Собранието на Република Македонија, Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Светлана Јакимовска, градоначалникот на општина Маврово-Ростуше Мукрем Мехмеди и претседателот на Организацискиот одбор на Мавровскиот Меморијал, Кочо Кираца и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

Во чест на поддршката што Мавровскиот Меморијал ја добива од Агенцијата за млади и спорт, организациониот одбор му додели благодарница на директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

Натпреварувачкиот дел од Мавровскиот Меморијал стартува денес (сабота) во 10 часот со трката на 5 километри во женска конкуренција, а по 15 минутна пауза ќе стартува и трката на 10 километри во машка конкуренција.

Во недела во истите термини ќе се возат вторите трки, а наградите на најдобрите ќе им бидат врачени во 14 часот, по што ќе биде означено и затворањето на 51-от Мавровски Меморијал.

Свои претставници на Мавровскиот Меморијал ќе имаат скијачи од Македонија, Бугарија, БиХ, Грција, Хрватска, Србија и Црна Гора.

Затворањето на Мавровскиот Меморијал е предвидено да се оддржи во недела во 13:00 часот со обраќање и доделување награди од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.