Радован Попоски избран за селектор на Македонската репрезентација во кајак на мирни води

Комитетот за Спринт при Македонската кајакарска федерација на редовна седница избра нов селектор, тренер и помошен тренер на Македонската репрезентација за кајак на мирни води.

За селектор на Македонската репрезентација во кајак на мирни води е избран Радован Попоски од Кајак кану клуб „Стрмец“ од Охрид. За тренер на репрезентацијата е избран Николиќ Илија од ККК „Дрим“ Струга, а за помошен тренер е избран Константин Дејкоски од  ККК „Дрим“ од Струга.

Ново избраниот селектор на Македонската репрезентација во кајак на мирни води Радован Попоски најави успешни и навремени припреми на репрезентацијата за учество на Светско јуниорско првенство во кајак на мирни води кое ќе се одржи во Сегедин – Унгарија во месец јули.