Со забрзано темпо Општина Охрид го реализира проектите за асфалтирање на улици во селото Косел што започна пред десет дена.
За овој краток временски период во селото Косел од вкупно 8 предвидени улички со должина од 1 000 метри и површина 3 000 метри веќе целосно асфалтирани се три улици.
На почетокот од проектот на терен беше и градоначалникот Никола Бакрачески, кој истакна дека рокот за изведување на работите во село Косел е еден месец.
Активностите за асфалтирање на уличките во Село Косел и за асфалтирање на патот од село Сирула до Вапила што исто така е во тек, се двата проекти кои општина Охрид ги изработи по претходно објавен оглас од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, а е во насока на напорите на локалната Самоуправа за развој на руралните средини.
Вкупната вредност на двата проекти изнесува 23 милиони и 500 илјади денари.